Кампања за адаптација на земјоделството кон климатските промени

18

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, со седиште во Битола, во соработка со Центарот за еколошка демократија Флорозон од Скопје, почна кампања за адаптација на земјоделството кон климатските промени во Република Македонија, јавува Миа.

Кампањата се реализира во рамки на проектот Локална акција за глобална климатска адаптација и е финансиски поддржана од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, а предвидува организација на карван којшто покрај информативна, ќе има и советодавна улога.

Карванот ја почна својата мисија од Битола, а промотивните настани ќе продолжат во Крива Паланка, Куманово, Штип, Струмица, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Тетово.