Кампања за енергетска ефикасност во Гевгелија, Валандово и Богданци

23

light-switch-energy-efficiencyВо рамки на проектот Енергетска ефикасност преку меѓуопштинска соработка, денес во општина Гевгелија започна кампањата Штедам енергија.

Проектот се имплементира и во општините Богданци и Валандово.

Оваа кампања има за цел да ја подигне свеста и да го зголеми знаењето за енергетската ефикасност кај средношколците преку едукација и презентација на придобивките од неа.

Во кампањата, како главна целна група ќе бидат вклучени и професорите, родителите, граѓаните, општинските администрации и локалните невладини организации.

Во следните два месеци ќе се организираат повеќе активности и натпревари за избор на најдобри фотографии и цртежи од областа на енергетската ефикасност.

Одговорна за спроведување на оваа кампања е Фондацијата за локален развој и развој на информатичка технологија од Гевгелија, преку финансиска средства од УНДП и општина Гевгелија.