Кампањата Патот кон здрави заби продолжува

25

foto

Децата и Четко Четковски, во рамки на кампањата Патот кон здрави заби продолжуваат со учењето како да ги заштитат своите запчиња.

По тој повод следното дружење ќе се одржи утре (сабота, 06.06.2015 година) со почеток во 12 часот на плоштадот Филип Втори Македонски во населбата Автокоманда, каде ќе се игра Куглање.

„Мисијата на Четко – Секое дете да има здрава и бела насмевка продолжува, а јас како учесник, односно реализатор на таа мисија сум пресреќен кога гледам со каков восхит дечињата гледаат на нивниот јунак и со какво задоволство учат додека играат со него“, вели Мартин Јордановски, водител и аниматор на дечињата за време на средбите со Четко Четковски.

Преку куглањето Четко ќе ги учи дечињата како да ги уништат штетните бактерии кои можат да направат кариес и да ги расипат запчињата.

„Дечињата веќе знаат дека јас многу сакам да се забавувам. Една од моите омилени игри е куглањето. Ќе поставиме фигури кои всушност ќе ги симболизираат сите „штетници“ по здравјето на запчињата, така што наша задача ќе биде со помош на посебна топка да ги урнеме. Ќе биде забавно како и секогаш“, Четко Четковски, јунакот на кампањата Патот до здрави заби.

Во играта ќе учествуваат сите дечиња кои ќе изразат желба да куглаат. Правилата на играта се исти како и во досегашните игри, доколку детето е под 6 години, ќе има право да учествува со родителот. Доколку е над 6 години, тогаш ќе се натпреварува само. Во Куглањето не смеат да учествуваат деца над 13 години.

Сите учесници ќе добијат примероци од детската паста Лакалут Кидс, а најпрецизните ќе добијат подарок паста или четка Лакалут.

Кампањата Патот до здрави заби се реализира под слоганот Секој ден четкај и со здрави заби светкај, со цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот.