Канадски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Македонија

22

64665Kако одговор на засилената активност на Македонија и партнерите од регионот, канадската влада се реши финансиски да го помогне економскиот форум, со што македонските економски и бизнис потенцијали влегуваат во фокусот на канадските инвеститори.

На економскиот форум ќе се презентираат потенцијалите за инвестирање и водење бизнис во Македонија, а во рамките на новиот циклус активности за информирање и привлекување на канадските инвеститори, Македонија ќе организира повеќе презентации и тркалезни маси во Отава, Монтреал, Торонто и Виндзор.

Главна тема на средбата на македонскиот тим со Питер Хејл, главниот економски аналитичар и заменик директор на престижната Агенција за Промоција на Извозот на Канада, беше интересот на канадските компании од областа на рударството, инфраструктурата и градежништвото за потенцијалите на Македонија.

Потенцијалите на македонското рударство од 3 до 6 април ќе бидат презентирани од македонскиот амбасадор Љубен Тевдовски и економскиот промотор Георгиевска на една од најголемите светски конференции за инвестиции во индустријата со минерали во Торонто.

Презентација на можностите за инвестирање и водење бизнис во Македонија ќе биде организирана и пред најголемиот центар на автоиндустријата во Канада, Комората на Виндзор.

Своја презентација на овој голем економски форум за можностите за инвестирање и развивање бизнис во Југо-источна Европа, ќе има и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида.

Форумот за промоција на инвестициските потенцијали е во организација на Атланскиот совет на Канада, во соработка со македонската амбасада во Отава, а овојпат доби и директна финансиска поддршка од канадската влада.