Во просториите на Туристичко-информативниот центар Желкова куќа во централното подрачје на Неготино, денеска ќе бидат предадени во употреба Канцеларијата за заедничко одделение за енергетска ефикасност на осум општини од Вардарскиот плански регион и Информативниот центар за енергетска ефикасност на овој регион.
За значењето на проектот и очекуваните ефекти, обраќање пред присутните ќе имаат градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов, директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Лазар Гечевски и постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон.