Капацитетите на браните се намалуваат насекаде низ светот

75

До 2050 година, седиментацијата може да го намали капацитетот на речиси 50.000 големи брани ширум светот за една четвртина и да ги загрози резервите на вода и енергија, според студијата на Обединетите нации објави SeeBiz.

Експертите на ОН собраа податоци за повеќе од 47.000 хидроелектрични централи во 150 земји и утврдија дека нивните капацитети се веќе за 16 отсто помали отколку што беа во почетната фаза на работа, а до 2050 година ќе се намалат за 22,4 отсто, на 4.655 милијарди кубни метри вода.

Најголема загуба на капацитет им се заканува на САД, од речиси 34 отсто, потоа Бразил, кој може да загуби 23 отсто од капацитетот, како и Индија и Кина со проценета загуба од 26, односно 20 отсто од капацитетот.

Блокирањето на природниот тек на реката предизвикува седиментација во акумулациите, што може да ги оштети турбините и да го прекине производството на електрична енергија, посочија од ОН и предупредија дека истовремено се зголемува ризикот од поплави  како и наштетување на живеалиштата во низводниот дел.

Критичарите долго време предупредуваат дека долгорочните социјални и еколошки трошоци на големите брани многу ја надминуваат нивната енергетска ефикасност.

„Би рекол дека треба да прашаме кои се алтернативите на браните, вклучително и производството на електрична енергија, со оглед на тоа што тие полека се укинуваат“, рече Владимир Смактин, директор на Институтот за вода, животна средина и здравје на ОН и еден од авторите на студијата.