Капитал Банка доби одобрение да издаде корпоративна обврзница

73

kapital-banka-promo

Фото: Facebook

Комисијата за хартии од вредност на 119-тата седница на Капитал банка АД Скопје ѝ даде одобрение да издаде корпоративна обврзница за познати купувачи.

Станува збор за прва емисија на 1.000 обврзници со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и со вкупна вредност од 1.000.000 евра. Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос (купонска), во нематеријализиран облик, неконвертибилна, гласи на име и е неограничено пренослива.

Емисијата на обврзници на Капитал банка АД Скопје се врши заради зголемување на капиталот и сопствените средства  на  друштвото, подобрување на профитабилноста, проширување на портфолиото на услуги кои се нудат, како и за инвестиции во ИТ решенија за изградба на дигитални платформи за онлајн услуги на банката.

Купувачи на обврзниците од првата емисија се: Алфа банка ЕАД ,Софија, Бугарија која ќе откупи 90% од понудените обврзници, како и двата инвестициски фонда КБ Публикум – балансиран и КБ Публикум – обврзници од Скопје со по 5%.