Капитал банка со нови можности за корисниците на картички

17

atm

Фото: Capitalbank.com.mk

Капитал банка ги информира своите клиенти дека им овозможи пристап до над 140 банкомати низ Македонија, стои во соопштението.

“Можноста да подигнете готовина со дебитните картички Maestro на Капитал банка без надоместок сега е достапна и на банкоматите на УНИ банка и на Еуростандард банка. Подигнувањето средства со картичките MasterCard на овие банкомати ќе ве чини исто како и на банкоматите на Капитал банка, односно 2% + 90 денари“, велат од банката.