Капитал банка со промотивни каматни стапки за штедење во денари

33

Капитал Банка АД Скопје нуди каматни стапки за штедење во денари на 12 и 24 месеци и тоа по следниве услови:

  • 12 месеци -2,45% годишна фиксна каматна стапка;
  • 24 месеци-2,70% годишна фиксна каматна стапка
  • 2,80% годишна промeнлива каматна стапка.

Исплатата е по истекот на периодот на орочување. Нема ограничување за минимален износ на орочување, но максималниот е до 1.800.000 денари.

Како депоненти може да се јават сите физички лица резиденти и нерезиденти.

Фондот ги обештетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на решението. Обештетувањето на денарските и девизните депозити се врши исклучиво во денари.