Капитал банка започна промотивна кампања на Супер 5 кредитот

18

super-5-novosti

Фото: Capitalbank.mk

Капитал банка АД Скопје започна промотивна кампања на Супер 5 кредитот со промотивни услови – каматна стапка од 5% за првата година и без административни трошоци за аплицирање, стои во соопштението.

Супер 5 кредитот овозможува брзо аплицирање во малку чекори, во најблиската експозитура на банката или онлајн на веб страната.

Дополнително производот овозможува низа други предности: до 300.000 денари само со меница и менична изјава; можност за рефинансирање на долгови во други банки и

без задолжително префрлање на платата во Капитал банка или осигурителна полиса за животно осигурување.

За само 30 минути, клиентот ќе го добие првичниот одговор на неговата електронска адреса (во периодот од осум до 18 часот, од понеделник до петок), по што ќе бидат дадени инструкции за натамошните чекори.