Капитол мол исполнет со детска радост и новогодишен дух

22

kapitol

Аеродромски Капитол мол отсекогаш претставувал место исполнето со топла атмосфера. Посетителите во центарот отсекогаш можеле да уживаат во шопингот, забавата, игрите и храната во средина која заштитува од временските услови во секој дел од годината. За да ја надополни топлата и семејна атмосфера, Капитол мол организираше новогодишна програма за сите посетители, особено за најмалите.

„Деновиве сите посетители се исполнети. Поради нивното задоволство ние продолжуваме да го негуваме новогодишниот и празничен дух. Ваквата атмосфера нема да прекине ниту по празниците. Ние сме цврсто убедени дека посетата на Капитол мол треба да биде уживање, забава и опуштање и затоа ќе продолжиме со сигурно темпо да ги негуваме овие вредности без разлика на кој ден од годината се однесува“ истакна Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол Мол.

Викендот, 24-ти и 25-ти декември, преку претставите Брашко и „Новогодишни радости и песни Капитол мол повторно беше исполнет со детска радост. Новогодишниот и божиќниот дух завладеа во Капитол мол исполнувајќи ги сите посетители со воодушевување и среќа. Најмалите пееја, танцуваа и учеа додека траеше претставата. За празниците да продолжат со висок интензитет, Капитол мол организира дополнителни изненадувања. На 30-ти и 31-ви децата ќе добиваат награди, ќе се натпреваруваат, ќе другаруваат и ќе ја Одбројуваат годината со песна. За нив се организира китење на елка, играта Среќно тркало каде заедно со своите родители може да освојат симпатични подароци, но може да бидат дел и од работилницата за украсување на лампиони.

Капитол мол со детски радости ја затвора 2016-та година и ќе продолжи да ја негува семејната атмосфера и забавниот шопинг и во новата 2017 година.