Карантинот ја чини Грција по 750 милиони евра неделно

31

Грчкиот министер за финансии, Кристос Стаикурас изјави дека карантинот односно строгите рестриктивни мерки поради пандемијата, Грција неделно ја чини 750 милиони евра.

Тој рекол дека грчката влада ги подигна проекциите за трошоци од мерката за помош на економијата на 11,6 милијарди евра годишно од првобитните 7,5 милијарди евра поради продолжување на негативните последици од пандемијата.

Додал дека владата ја поддржала реалната економија со 27 милијарди евра во текот на пандемијата и подготвува план за финансирање на фондот за закрепнување.

Фото: Pexels