Карбо Нова минатата година ја заврши со загуба од 1,6 милиони денари

49

karbo-nova

Компанијата Карбо Нова од Крива Паланка, од први јануари до 31-ви декември 2016 година, оствари загуба од 1.689.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, компанијата прикажа загуба од 4.149.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви декември 2016 година достигнаа 10.900.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 14.823.000 денари.

Основна дејност на компанијата е вадење камен и друга руда којашто се користи во градежништвото.