Компанијата Карбо Нова од Крива Паланка оствари вкупна сеопфатна добивка од 75.000 денари во првото полугодие од 2016-та, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 327.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци беа на ниво од 6.486.000 денари, додека истиот период лани достигнаа вредност од 7.180.000 денари.
Основна дејност на компанијата е вадење на камен и друга руда која се применува во градежништвото.