Компанијата Карбо Нова од Крива Паланка во деветте месеци од 2016-та година прикажа загуба од 1.655.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата оствари загуба од 2.858.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во периодот од први јануари до 30-ти септември оваа година беа 8.870.000 денари, додека истиот период лани реализацијата изнесуваше 3.508.000 денари.
Основна дејност на компанијата е вадење камен и друга руда што се применува во градежништвото.