Карбо Нова за три месеци евидентираше загуба од 578.000 денари

120

karbo-nova

Компанијата Карбо Нова од Крива Паланка, од први јануари до 31-ви март оваа година, работеше со загуба од 578.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Првото тримесечје од 2015 година компанијата прикажа позитивен финансиски резултат од 1.142.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првиот квартал од оваа година беа на ниво од 3.514.000 денари, додека една година претходно тие изнесуваа 11.357.000 денари.