Кардано постави нов рекорд

114

Кардано успеа да го достигне нивото од три долари за прв пат во историјата.

Според податоците на CoinMarketCap, Кардано (АДА) го надмина психолошки значајното ниво од 3 долари за прв пат околу 03:00 часот. Во времето на објавување на материјалот, криптовалутата се тргуваше за 3.04 долари.

Матичната криптовалута на најголемиот блокчејн со доказ за залог порасна за повеќе од 1560% во 2021 година.

Поради огромниот профит, АДА добива се повеќе медиумско покривање.

Во меѓувреме, биткоинот, најголемата криптовалута, се бори да се пробие над нивото од 50.000 долари, со тоа што неодамна алткоините белжат поголем профит.

АДА забележува значителен пораст во пресрет на надградбата на Алонзо.

Според неодамнешното соопштение на „IOHK“, тест-мрежата Кардано сега официјално поддржува паметни договори.