Кардио-центарот при Аџибадем Систина организира бесплатни консултации

34

По повод Светскиот ден на срцето 29-ти септември, Кардио-центарот при клиничката болница Аџибадем Систина организира бесплатни консултации за пациенти со нарушувања на срцевиот ритам. Сите заинтересирани граѓани може да закажат преглед  на тел. број 02 / 3099 606 од 09.00 до 19.00 часот (со напомена дека закажувањето започнува од четврток – 27.09). Бесплатните консултации ќе се спроведуваат во амбулантите на КБ Аџибадем Систина на ден 29.09 (сабота) од 09.00 до 15.00 часот. Со цел да биде реализирана поефикасна соработка, пациентите кои ќе закажат преглед, неопходно е со себе да ги понесат резултатите од досегашните испитувања.

Главната цел на ваквиот тип бесплатни акции е да се испрати порака до пациентите за што поголема посветеност и грижа за сопственото здравје. Во овие 24 часа во кои светот е насочен кон здравото срце и здравиот начин на живот, кардио-центарот при клиничката болница Аџибадем Систина посветува посебно внимание на срцевите аритмии, како проблем кој заслужува прецизна дијагноза, третман и професионален пристап.