Еден од најбогатите луѓе во светот, Карлос Слим од Мексико, стана еден од најголемите акционери на познатиот американски New York Times, откако го искористи правото двојно да го зголеми својот удел во американскиот весник на 16,8%, пишува Ројтерс.
Во екот на финансиската криза во 2009 година, Слим на угледниот американски весник му позајмил 250 милиони долари. Моментално, вкупниот удел на Слим во New York Times е во вредност од 341.400.000 долари, врз основа на цената на акциите од оваа среда, кога беа на ниво од 12,28 долари по акција.
Слим го следеше примерот на богаташите Џеф Безос, основач на Amazon, кој го купи Washington Post во 2013 година, додека Ворен Бафет инвестираше во неколку весници.