Карловачка пивовара на 100 години затвори рецепт за пиво во временска капсула

35

karlovacko royal

Карловачка пивовара денеска ја стави оригиналната рецептура за новото лагер пиво Карловачко ројал во временската капсула на Загрепска банка. Кутијата со оригиналниот рецепт ќе биде отворена за точно 100 години, пишуваат хрватските медиуми.

Рецептот за производство на ова пиво содржи попис на сировини, опис на процесот на производството и полнење и карактеристики на готовиот производ.

Хрватската Карловачка пивовара почна да го произведува Карловачко ројал оваа година, а на хрватскиот пазар ќе биде достапно од октомври.