Kарванот на Жито маркети Награди за насмевки повторно во Кичево

43

zito

Карванот на Жито Маркети, Награди за насмевки повторно ќе го посети Кичево. На барање на задоволните граѓани, на 20-ти јуни во Жито Маркетот во овој град ќе бидат достапни забавните игри, промоциите и попустите при купувањето. Претходно карванот помина низ повеќе градови меѓу кои Тетово, Велес, Валандово, Прилеп, Неготино, Делчево, Кочани, Гостивар и насекаде интересот на граѓаните беше огромен, како и задоволството од добиените награди. Вкупниот број на граѓани и купувачи на Жито Маркети кои го посетиле карванот по градови е околу 40.000, а само во Кичево на карванот се придружиле околу 3.500 посетители.

„Масовното присуство на граѓаните доволно говори за потребата од вакви акции, како и задоволството од наградите и поволностите што ги нудиме. Затоа повторно се враќаме во Кичево со што карванот ќе го заврши своето патување и наградување за оваа сезона. Но, во блиска иднина спремаме и други новитети со кои повторно ќе ја обиколиме Македонија и кои што ќе придонесат за уште многу радост и изненадувања за сите наши лојални купувачи“, изјави Стојанче Тодороски, маркетинг директор на Жито Маркети.

Оваа сабота, на 20-ти  јуни како дел од настанот граѓаните на Кичево ќе можат да ги искористат поволностите, акциите и попустите што преку оваа акција ги овозможуваат Жито Маркети и да го завртат Тркалото на среќата кое носи вредни изненадувања. Посебна радост ќе биде онаа кај најмладите, кои преку организираната забавна програма ќе добијат голем број изненадувања и можност да се фотографираат во рамки со познати ликови од омилените цртани филмови, како и цртање на лицето со природни бои.