Катар гради стадион од бродски контејнери што ќе може да се демонтира

116

a

За Светското првенство во фудбал, што ќе се одржи во 2022 година во Катар, покрај брегот на Доха гради монтажен стадион од бродски контејнери. Арената Ras Abu Aboud ќе биде изградена од модуларни градежни блокови вклучувајќи и бродски контејнери, а по првенството ќе се демонтира и истите контејнери ќе може да се искористат за градење на други објекти. Капацитетот на овој стадион изнесува 40.000 седишта, пишува Designboom.

a1

Секој контејнер што ќе се користи во изградбата ќе биде донесен со брод, а стадионот ќе се сложува како лего сет. Контејнерите ќе се искористат за санитарни јазли, штандови за храна и пијалак, продажба на сувенири…

a2

Со модуларниот дизајн на Ras Abu Aboud осмислен од архитектонското студио Fenwick Iribarren Аrchitects, во градењето ќе се искористат помалку материјали, ќе се создаде помалку отпад и ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид при процесот на градење. Објектот се очекува да биде завршен во 2020 година, а по одржувањето на првенството ќе се демонтира и на тоа место повторно ќе има парк.

Фото: Fenwick Iribarren Аrchitects