Катастарот обезбеди средства за реализација на неколку стратешки проекти

22

Агенцијата за катастар на недвижности ќе ги реализира проектите за воспоставување Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП), Регистар на цени и закупнини (масовна проценка) и Графички регистар на улици и куќни броеви со средства обезбедени преку Шведската агенција за меѓународен развој – Swedish International Development Agency.

За таа цел директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија и директорите на агенциите за катастар од земјите од Западен Балкан со Шведската агенција за меѓународен развој потпишаа договор за грант во висина од 4,2 милиони евра.

Договорот, како што соопшти денеска Агенцијата за катастар бил потпишан во Тирана – Албанија, во рамки на шестата регионална конференција за катастар и земјишна администрација.

Средствата се наменети за шесте држави од Западен Балкан, Србија, Црна Гора, БиХ, Македонија, Косово и Албанија. Засега не е прецизирано која држава колку средства треба да добие, а тоа ќе зависи од подготвеноста на катастрите со проекти.