Катастрофата продолжува, биткоинот забележа остар пад

64

Криптовалутите повторно забележаа пад бидејќи кинеската забрана за рударење на биткоин се прошири на провинцијата Сечуан. Рударењето криптовалути е голем бизнис во Кина, којшто учествува со повеќе од 50% во глобалното рударење на биткоин.

Биткоинот, најпознатата криптовалута во светот, според сајтот Coindesk, продолжува да ја губи својата вредност утрово.

Во моментов се тргува по цена од 32.800 долари, што е пад од 7,86 % во последните 24 часа. Пазарната капитализација на биткоинот падна на 614 милијарди долари.

Eтереумот исто така претрпе нагло опаѓање во последните 24 часа. Имено, се тргува по цена од 2.017 долари, што значи дека неговата вредност падна за 8,36%. Пазарната капитализација на етереум е 235 милијарди долари.

Фото: Pixabay