Бизнис ангели

На повеќето бизниси им требаат финансии, но потребно е и искуство, умеење да се раководи со бизнисот. Затоа најдобро решение е да се најде претприемач кој има добра идеја и некој кој има време, можност и желба да помогне за развој на добрата бизнис идеја или бизнис.
Бизнис ангелите всушност инвестираат одреден процент од своите пари во бизнис проекти или старт-ап програми. Во САД, на пример, таа сума се движи од 150.000 долари, па сè до 2 милиони долари.