Арон Браун на онлајн средба со бизнис ангели од западен Балкан

93

Швајцарската програма за претприемништво (SwissEP) организира онлајн средба на бизнис ангели од западен Балкан со Арон Браун, бизнис ангел од Швајцарија.

Браун на овој вебинар ќе зборува на неколку теми:

  • Зошто треба да се стане бизнис ангел и што може да се очекува
  • Како се одвива процесот на инвестирање и како се оценуваат компаниите
  • Циклусот на инвестирање – од инвестиција до излез од истата
  • Примери и приказни од неговото инвестиционо портфолио.

Видео сесијата ќе ја модерира Игор Маџов, инвестициски фасилитатор од SwissEP (SwissEntrepreneurship program).

Оваа видео средба, што ќе се одржи на петти мај во 17 часот, SwissEP ја организира во соработка со локални клубови на бизнис ангели во Северна Македонија, Косово, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Инаку, Арон Браун е бизнис ангел од Швајцарскиот клуб на бизнис ангели (BAS) од 2005-та година.

“Бизнис идејата на стартапот не мора да биде совршена, но треба да поседува значителен потенцијал за успех. Таа треба да решава значителна потреба (проблем) на пазарот и да умее да генерира добар профит“, изјави Браун во интервју за Бизнис Инфо.

За Македонија е задолжен CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club), којшто е формиран во ноември 2013-та година и е меѓу првите од ваков вид во земјава. Од јануари 2016-та година, клубот е официјален член на Европската мрежа на бизнис ангели – EBAN (European Business Angel Network). Досега во различни бизнис идеи се инвестирани 250.000 евра.

За дополнителни информации во врска со настанот, обратете се на bramljak@ceed-macedonia.org или на 076 496 616.