Кавадарци добива нова винарија

17

wine-glassesМенаџерскиот тим на новата винарија, која наесен ќе никне во Кавадарци, информира дека подготовките околу нејзината изградбата интензивно се одвиваат.

Винарската визба ќе биде финансирирана од германски инвеститор кој планира новиот објект да биде готов до почетокот на бербата на грозје, осносно до септември.

“За почеток треба да се откупат околу 10 милиони килограми на грозје од кои ќе се направат околу седум милиони литри вино. Ќе се произведува само вино од повеќе вински сорти, не и ракија. Станува збор за чисто германски капитал. Се очекува да се вработат 20-тина луѓе”, информираат од менаџерскиот тим.

Новата винарска визба ќе биде изградена на местото каде некогаш беше ладилникот во Кавадарци.