Kазна од 32.000 евра за неносење на маска на австралиски аеродром

65

Секој кој нема да носи маска на аеродром во Западна Австралија, ќе плати казна од 50.000 австралиски долари (32.000 евра), како дел од новите, драстични мерки за запирање на ширењето на мутираниот, високозаразен сој на коронавирусот.

Минатата недела премиерите на австралиските држави се согласија дека носењето маски ќе биде задолжително на летовите низ Австралија.

Премиерот на Западна Австралија, Марк Мекгован ги заостри мерките што ги договори со своите колеги премиери, велејќи дека маските во таа австралиска држава не се задолжителни само во авионите, туку и на аеродромите.

Фото: Pixabay