КБ: Нов промотивен период на потрошувачкиот кредит до 30.000 евра

56

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите корисници дека го продолжи промотивниот период до 31.10.2019 година, во којшто најповолниот готовински кредити со ЕУР клаузула до 30.000 евра се нуди со рок на отплата до 120 месеци.

Кредитот има каматни стапки за приматели на плата во Банката од 4,9% фиксна, годишна за првите две години и 5,9% променливa, годишна за остатокот од периодот на отплата.

Кредитот е наменет за:

  • Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време во јавната администрација, во правни лица прифатливи за Банката и во дипломатски странски претставништва, за кои не е задолжително својата плата да ја примаат на сметка на Банката. Вработените на определено време е неопходно да имаат непрекинат стаж во конкретната фирма од најмалку 12 месеци.
  • Пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во Банката, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница и кои на крајниот рок на отплата на кредитот не надминуваат 62 години старост за жени, односно 64 години старост за мажи.

Повеќе информации за потрошувачкиот кредит тука.

Фото:Pexels