КБ Прво пензиско друштво АД Скопје доби престижна интернационална награда за Најдобра пасивна инвестициона стратегија

22

kb

На свечена церемонија IPE Awards 2016 во Берлин, Германија, одржана на 01.12.2016 година, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја доби престижната награда за Најдобра пасивна инвестициона стратегија, во организација на реномираниот финансиски магазин IPE (Investment & Pensions Europe).

Според официјалниот извештај на комисијата за доделување на наградите, тоа е награда за јасна и добро конструирана портфолио стратегија која дава максимум резултати во рамките на конзервативните законски ограничувања.

Наградата претставува продолжување на успешната приказна која КБ Прво започна да ја гради во минатите години, како и потврда за успешноста на реформираниот пензиски систем во Република Македонија, професионалната работа и грижата за членството пред сè.