КД Фондови го менува името во Генерали инвестментс

229

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) ги одобри измените и дополнувањата на Статутот на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје, стои во соопштението.

Статутарните измени, како што се наведува, се однесуваат на промена на називот на фирмата на друштвото. Се врши измена на називот на фирмата на ова друштво кое ќе продолжи да работи со нов целосен назив Друштво за управување со инвестициски фондови Генерали инвестментс АД Скопје и скратен назив Генерали инвестментс АД Скопје. Направената измена се врши заради извршено преземање на Групацијата КД во која припаѓа македонското друштво за управување со инвестициски фондови од страна на Групацијата Генерали ЦЕЕ Холдинг од Чешка.

Фото: Pixabay