Ќе паѓа ли цената на златото?

37

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Fitch предвидува дека цената на златото оваа година ќе се намали од 1.734 на 1.600 долари за унца, а во 2022-ра година на 1.400 долари “поради зголемената побарувачка поттикната од инвеститори и купување од страна на централните банки“.

За 2023 година се предвидува цената на златото да биде на ниво од 2013 година, односно да падне на 1.200 долари за унца.

Цената на овој благороден метал беше под силен притисок. Минатата недела падна под 1.800 долари, со што се зголемени загубите поради намалената побарувачка и растечките приноси на американските државни обврзници.

Фото: Pexels