Ќе патуваме ли “нормално“ годинава?

47

Најголемата европска туристичка групација, Tui оваа година очекува силен раст на туристичкиот пазар, којшто претрпе големи загуби за време на пандемијата.

“Очекувам нормално лето. Но, ќе бидат понудени само 80% од летовите во однос на претходно за да се постигне оптимална искористеност“, изјави Фриџ Јоусен, извршен директор на Tui.

Во текот на пролетните празници, како и во јули и август, најверојатно многу од летовите на линиите во медитеранскиот регион ќе бидат брзо букирани, а понудите за мај се 50% резервирани.

Според Јоусен, вакцинацијата ќе помогне сите ограничувања на поради пандемијата да се симнат.

Фото: Freepik