Ќе се намалува производството на злато во светот

36

Светското производство на злато, поради исцрпување на резервите до 2030 година, би се намалило за 15 до 20% во однос на актуелното ниво.

Главниот пазарен стратег на Светскиот совет за злато, Џон Рид смета дека светот во блиска иднина зад себе ќе го остави пикот во производство на злато.

“Не зборуваме за огромен пад, но се предвидува пад од пет или 10% на годишно ниво. Затоа, не се очекува враќање на високото ниво на производство од 2018-та година“, рекол Рид.

Експертите сметаат дека светските залихи, во смисла на квалитет и количина, на долг рок ќе се намалат, а тоа ќе влијае и на производството на златото, што веќе има стагнација.

Се проценува дека до 2030-та година, во еден тон руда во просек ќе се вади околу еден грам злато.

Фото: Pixabay