Ќе се скрати ли работното време на угостителските објекти?

66

Следни чекори би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратувањето на работата на угостителските објекти, дополнително од тоа што е сега до 21 часот. Тоа е следното можно сценарио, на почетокот на следната недела ќе се прави проценката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Заклучокот и ставот е дека на почетокот на следната недела ќе се прави нова проценка и дека ќе има резултати од полицискиот час.

“Денеска имаме помалку од 1000 случаи, наша проценка е дека веќе викендот и на почетокот на следната недела ќе имаме резултати од полицискиот час како што е препорачано сега“, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање кои се следните мерки доколку дојде до вложување на ситуацијата со пандемијата.

Запрашан дали за учениците од прво до трето одделение се планира да ја следат наставата онлајн, генерално рече дека тоа не се однесува за територијата на целата држава и за сите училишта.

“Станува збор само за поединечни училишта таму каде има проценка од страна на епидемиолозите дека таква мерка треба да се препорача а за заштита на учениците и наставниците во тие одделенија. Значи сега е препораката да се продолжи вака како што е сега планиран системот“, рече Филипче.

Фото: Pexels