Ќе се субвенционира 50% од каматата за ИПАРД проекти

25

Педесет проценти од каматата за сите кредити за инвестиции на земјоделците финансирани со ИПАРД програмата ќе ги покрива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој, пишува Миа.

Според министерот за земјоделство Михаил Цветков, со ИПАРД прогрмата со 75% ќе се кофинансираат проектите на земјоделците од општините Могила, Новаци и Босилево зафатени со поплавени од почетокот на годинава.

“Каматните стапки во комерцијалните банки се високи и се движат од 4% до 8%, а профитот во земјоделството не е значително голем. Со субвенционирањето земјоделците ќе треба да плаќаат од %2 до 4% камата што сметаме дека е солидна и ќе може да ја враќаат“, рече министерот за земјоделство Михаил Цветков.

Следната недела, ќе биде распишан трет оглас за користење средства од ИПАРД 1 програмата од која преостануваат уште 29 милиони евра. До крајот на годинава на располагање се 18 милиони евра за кои на огласите во октомври лани и во мај годинава се пријавија 1.200 земјоделци со апликации во вредност од седум-осум милиони евра. Останатите 11 милиони евра од ИПАРД 1 ќе може да се искористат до крајот на 2017 година.