Ќе се субвенционираат летови кон Шпанија и Норвешка

19

Министерството за транспорт и врски подготвува документација за нов повик за избор на нискобуџетна авиокомпанија којашто со субвенции би воспоставила четири нови дестинации од Скопскиот аеродром, кон Шпанија и Норвешка, како и директна линија од Охридскиот аеродром до европска метропола, пишува Миа.

“Ќе бараме четири нови дестинации од Скопје, кон Шпанија и Норвешка, и една дестинација од Охрид. Ќе одиме повторно со субвенции, со колкав износ ќе бидат ќе видиме, но рамката е пет милиони евра во наредните три години. Условите, генерално, се многу слични како и претходниот пат. Со тоа би се овозможиле нови линии за македонските граѓани, но исто така и зголемување на бројот на патниците“,  изјави денеска министерот за транспорт, Миле Јанакиески.

Според него, целта е летовите кон Шпанија и Норвешка да стартуваат од јуни или најдоцна од септември следната година, а покрај тие дестинации ќе се разгледаат и други.