Ќе се засилува контролата на зелените пазари

17

zelen_201374112540Во координација со повеќе институции, Министерството за економија од денес започна засилена контрола на сите зелени пазари во Македонија, која ќе трае во следните 10 дена.

“На сите што ќе продолжат да работат без да го почитуваат законот, им се закануваат казни и одземање на стоката во првата фаза. Во втората фаза, ќе бидат поднесени и кривични пријави”, изјави ресорниот министер Ваљон Сарачини, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето Меморандум за соработка со британскиот амбасадор Кристофер Ивон.

Министерот потенцираше и дека граѓаните преку поплаки се жалат до Министерството, но истото го прават и луѓето кои законски работат на пазарите за разлика од дивите продавачи.

“Во последно време се евидентирани многу диви пазарџии кои продаваат нелегално, на улица. Затоа почнуваме со засилени контроли. Вчера на средба со Пазарната инспекција Општина Чаир, Град Скопје и МВР ги координиравме активностите”, информира Сарачини.