Ќе снемува и шприцови за вакцини?

38

Кинеските производители на медицински шприцови предупредуваат дека некои нарачки најверојатно ќе ги исполнат со задоцнување од неколку месеци поради огромната побарувачка што ја создаде вакцинацијата ширум светот.

Во многу земји започнаа програми за масовно вакцинирање на населението, со цел да се заузда пандемијата.

Кабинетот на новиот американски претседател, Џо Бајден сака во првите 100 дена да бидат вакцинирани 100 милиони луѓе, а нивните настојувања од шишенцето на вакцината на Pfizer да се добијат што е можно повеќе дози, енормно ја зголемува побарувачката за шприцови.

И американскиот добавувач на шприцови, Becton Dickinson предупреди дека побарувачката ги надминува постоечките капацитети.

Инаку, најголеми производители на шприцови во светот се Кина и Индија.

Фoто: Freepik