Ќе успеат ли Американците да соборат нов рекорд за Cyber Monday?

58

Трговците на мало во САД се подготвени за нова и рекордна продажба на Cyber Monday, откако Американците на Black Friday потрошија 7,4 милијарди долари на онлајн купување, пишува BBC.

Според податоците на Adobe Analytics, интернет продажбата во петокот се приближи на рекордот од 7,9 милијарди долари што беше поставен за Cyber Monday мината година.

Инаку Adobe ги анализира трансакциите на 80 од 100 најдобри интернет продавници во САД. Па, според податоците, на Black Friday, најмногу се купувале играчки од Frozen 2, LOL Surprise Dolls и FIFA 20 видео игри.

Се верува дека поради зголемената онлајн продажба, намалени се гужвите во големите трговски центри. Посетата на продавниците е намалена за 2,1% на Black Friday во однос на претходните години, а тоа доведе до намалување на продажбата за 16%

Фото: Pexels