Keeper – апликација што ги зачувува сите контакти

30

keeper

Keeper е едноставна и бесплатна апликација, која засекогаш ќе ги чува контактите во именикот. Апликацијата поддржува Android, iPhone или Windows phone, а доволно е само да се направи регистрација и со еден клик сите контакти остануваат на сигурно, пишува Блиц.

Доколку корисникот го загуби мобилниот телефон, доволно е да се инсталира Keeper и сите контакти можат многу лесно да се најдат во именикот на новиот мобилен телефон. Доколку корисникот го замени телефонот, Keeper дава можност за едноставно префрлање на контактите на новиот телефон.

Апликацијата овозможува лесно префрлање на контакти од телефон на телефон без оглед на оперативниот систем. Исто така, може да се чуваат контакти со повеќе различни телефони на едно место и да се импортираат во било кој телефон.

Апликацијата ја разви српската компанија Lumira и постојано работи на нејзино усовршување. Во овој момент има повеќе од 5.000 корисници од целиот свет, со тенденција за постојан раст.