Kefirko – кујнски апарат за правење на домашен кефир

112

kefirko

Фото: Kickstarter

Kefirko Cheese Maker е специјално дизајнирана стаклена тегла за едноставна домашна подготовка на сирење од кефир без употреба на адитиви. Марко Борко и Андреј Глажар од Словенија пред две години ја претставија првичната верзија на кујнскиот апарат, а сега го претставуваат подобреното издание на Kefirko што би требало да го смени начинот на подготовка на храна.

Новата верзија на апаратот има подобар проток на воздухот на капакот, а исто така додадена е и алатка за мешање на зрната кефир за полесно одвојување од течноста на кефирот. Со овој кујнски апарат, исто така, може да се подготват и други видови на сирење (моцарела, маскарпоне).

Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде целта е да соберат 15.000 долари, а досега имаат собрано над 37.350 долари.