КХВ даде одобрение КД Фондови да воведе инвестиционо советување

31

komisija-za-hartii-od-vrednost

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на 124-та седница даде одобрение Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје да ја прошири дозволата за работа со воведување на нова услуга и тоа инвестиционо советување, стои во соопштението.

На седницата што се одржа на 25 октомври, КХВ издаде една дозвола за работење на брокер и една лиценца за работење на инвестициски советник.