КХВ даде одобрение за проширување на дозволата за работа на ВФП Фонт менаџмент

27

khv

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје му даде одобрение да ја прошири дозволата за работа со две нови услуги: да управува со средства за сметка на индивидуален клиент – сопственик на портфолио и да врши инвестициско советување.

На седницата, КХВ даде согласност Кирил Митровски да биде именуван за директор на брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје. Мандатот му трае четири години и е до 16 март, 2021 година. Инаку, и досега Кирил Митровски ја вршеше оваа функција.

Исто така, КХВ обнови две дозволи, една за работење на инвестициски советник и една за брокер.