КХВ даде согласност за именување на директори на учесници на пазарот на хартии од вредност

32

komisija-za-hartii-od-vrednost

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) на 115-та седница даде согласност за именување на неколку директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

Лазе Камчев и Марјан Николовски и во наредните шест години да бидат извршни директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје. Коста Костадиновски да продолжи да ја врши функцијата главен извршен директор на  Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје, а Јован Дојчиновски извршен директор на истото друштво. И двајцата се со мандат од две години.- Јосиф Костадиновски доби согласност до крајот на 2017 година да раководи со Одделот за работа со хартии од вредност на ТТК Банка АД Скопје.

Исто така, КХВ издаде едно уверение за инвестиционо советување, а обнови една лиценца за работење на инвестициски советник.