КХВ: Дозвола на Илија Филиповски за преземање на Технокомерц

54

khv

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на 111-тата седница на лицето Илија Филиповски му издаде дозвола да даде понуда за преземање на Технокомерц АД Скопје. Понудата за преземање се однесува на 14.504 обични акции со право на глас издадени од Технокомерц АД Скопје, коишто претставуваат 65,93% од основната главнина на друштвото.

Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 1.000 денари по акција.

Преземачот Илија Филиповски не утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна.

Понудата за преземање ја дава Комерцијална банка АД Скопје , Дирекцијата за вршење услуги со хартии од вредност во име и за сметка на лицето Илија Филиповски.

Преземачот е постојан акционер во Технокомерц АД Скопје, кој поседува 7.496 акции.