КХВ ги продолжи мандатите на Марковски и Пулејков од КБ Публикум Инвест

27

khv

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Република Македонија на 105-тата седница даде согласност Горан Марковски да биде именуван за Главен извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје, а Андреј Пулејков да биде извршен член на истото друштво.

Мандатот на двајцата директори е четири години и трае до 15 декември 2020 година.

Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје управува со три отворени инвестициски фондови и тоа: КБ Публикум – Паричен, КБ Публикум – Балансиран и КБ Публикум – Обврзници.

Горан Марковски и Андреј Пулејков и досега ја извршуваа оваа функција.