КХВ издаде дозвола за работа на Дирекцијата за услуги со ХВ на Еуростандард банка

25

khv

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 83-тата седница издаде дозвола за работење на Дирекција за услуги со хартии од вредност при Еуростандард банка АД Скопје, којашто ќе ги нуди сите услуги со хартии од вредност предвидени со Законот за хартии од вредност, од кои некои од нив досега ги вршеше Поштел Брокер АД Скопје.

“Ова произлегува како резултат на спојувањето на Поштенска банка АД Скопје кон Еуростандард банка АД Скопје, инаку единствен акционер на брокерската куќа. КХВ даде согласност Миомир Алексовски да биде именуван за в.д. директор на Дирекцијата за услуги со хартии од вредност при Еуростандард банка АД Скопје“, се вели во соопштението на КХВ.

На седницата, КХВ даде согласност Васко Митев да биде именуван за директор на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје со мандат од четири години. Васко Митев и досега беше на оваа позиција. Исто така, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови две дозволи за работење со хартии од вредност и издаде една лиценца за инвестициски советник.