КХВ: Одобрение на Халк Банка да издаде 92.240 обични акции вредни 922,4 милиони денари

30

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) даде одобрение на Халк Банка да ја издаде 15-тата емисија на 92.240 обични акции во вкупен износ од 922.400.000 денари, стои во соопштението.

Емисијата е наменета за познат купувач – институционалниот инвеститор кој воедно е и акционер на банката – Халк Банка А.Ш. Турција. Банката издава нови акции заради зголемување на капиталот и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период.