КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

12

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) вршејќи ја својата надзорна функција утврди дека одреден временски период на граѓаните и на правните лица им се нудат нелиценцирани финансиски услуги за тргување во странство од страна на посредници кои немаат добиено дозвола за вршење на такви услуги.

Finance Group One https://financegroupone.com/ (овој назив правното лице го користи за контакт при нудење на овие услуги во Македонија), нема дозвола од КХВ да нуди услуги за инвестирање во странство на македонски резиденти . Во таа смисла, КХВ ја предупредува јавноста дека ваквите активности се забранети со член 96 од Законот за хартии од вредност, според кој услуги со хартии од вредност можат да вршат само правните лица кои добиле дозвола од Комисијата за хартии од вредност. Дополнително, Комисијата има сознанија дека се нудат услуги за инвестирање надвор од државата преку бугарски правни субјекти:

-GRAND EASTERN MARKET (Гранд Истърн Маркет ЕООД, ЕИК 206099297)
-GRAND SPOT MARKET (Гранд Спот Маркет ЕООД ЕИК: 206103621);
-MARKET PROGRESS (Маркет Прогрес ЕООД ЕИК 206229125);
-ALTERNATIVA BG (Алтернатива БГ ЕООД (преименувано на „Булион Ваулт ЕЕ), ЕИК 2053260185), GRAND RESEARCH (ГРАНД РИСЪРЧ ЕООД ЕИК 206027740 (преименувано на „Пост Гранд Рисърч ЕООД));
-FIN ENGINEERING INCOME (ФИН ИНЖИНЕРИНГ ИНКЪМ ЕООД, ЕИК 206058610 (преименувана на Пост Фин Инжинеринг Инкъм ЕООД).

За горенаведените, бугарскиот надлежен орган исто така нема дадено дозвола за работа, односно на веб страната https://www.fsc.bg/en/news/list-of-the-non-licensed-investment-intermediaries-by-fsc-10246.html  ги има претставено како субјекти кои нудат нелиценцирани услуги во Република Бугарија.

Комисијата за хартии од вредност ги повикува и сегашните и потенцијалните инвеститори пред да носат одлуки за инвестирање детално да се информираат за ризиците и за легитимноста на правните и на физичките лица кои им нудат услуги, односно да проверат дали тие се лиценцирани субјекти за тоа во Македонија или пак во државата од која доаѓаат. Сите регулаторни органи, вклучително и Комисијата за хартии од вредност на своите веб страници имаат регистри на лиценцирани правни субјекти кои  можат да нудат услуги на инвеститори.

КХВ напоменува дека инвестирањето преку нелиценцирани правни лица претставува забрането дејствие кое како противзаконита активност подразбира сериозна закана со исклучително висок ризик, инвестираните средства никогаш да не им бидат вратени на лицата, бидејќи меѓу другото нема и регулаторни механизми за заштита.

Фото: Pexels